Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата Фрањо ја инаугурираше „Super Nuns“

По повод Меѓународниот ден на молитва и размислување со цел сузбивање на трговијата со луѓе кој се одбележува на 8 февруари, папата Фрањо на 7 февруари претпладне во библиотеката на Апостолската палата се сретна со неколку членови од мрежата „Талита Кум“ и фондацијата „Галилео“, за да ја лансираат виртуелната заедница „Super Nuns“.

Ватикан Вести

Папата се заблагодари на италијанската полиција за посветеното служење

На 8 февруари 2020 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција раководителите и полициските службеници во Инспекторатот за јавна безбедност во Ватикан и им изрази благодарност за нивната секојдневна служба која ја извршуваат. Убава е веќе воспоставената традиција за средба на почетокот на годината на Папата со раководителите и полициските службеници во Инспекторатот за јавна бебзедност во Ватикан. На сите нив, папата Фрањо им изрази благодарност за нивната – како што рече – скапоцена работа. Станува збор за служење на

Ватикан Вести

Папата: Да го слушнеме крикот на нашите браќа и сестри

Милиони луѓе се жртви на трговијата со луѓе, а многу од нив се мигранти, предупреди папата Фрањо во молитвената накана за месец февруари 2020 година

Ватикан Вести

Папата го прими хрватскиот премиер Пленковиќ

Папата во аудиенција го прими хрватскиот претседател на Влада Пленковиќ, кој потао се сретна и со државниот секретар кардинал Паролин

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Слободен е оној кој има моќ на понизност, служење и братство

Во катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 5 февруари 2020 година, која се одржа во салата Павле VI, папата Фрањо ја посвети на блаженствата и потсети дека бедните по дух се оние кои се чувствуваат ‘просјаци во интимата на своето битие’. Само препознавајќи и признавајќи ги своите ограничувања можеме да љубиме на слободен начин и да го дадеме животот за другите – истакна папата Фрањо.

Ватикан Вести

Папа Фрањо: Бог плаче за нас кога се оддалечуваме од Него

Давидовото плачење поради суровата смрт на син му кој се свртел против него, е пророштво на љубовта на Бог Отец кон нас, љубов која отиде сѐ до Исусова смрт на крстот – истакна папа Фрањо вчера на светата Литургија во Домот на света Марта и напомена – Господ е татко кој никогаш не се откажува од своето татковство.

Ватикан Вести

Папата: Христијанинот не смее да биде неподвижен, неговото послание е да го навестува Исус

На празникот Прикажување на Господ во храмот (Сретение Господово), папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов потсети дека на светот му се потребни христијани кои одат по патиштата на животот носејќи им го на сите Исусовиот утешителен збор. Парохиите и различните црковни заедници во таа смисла се повикани да поттикнуваат ангажираност на младите, семејствата и старите – рече Папата осврнувајќи се на богопосветените лица кои во повлеченост работат многу.

Ватикан Вести

Папа Фрањо: Општеството е цивилизирано ако ја потиснува културата на отфрлање

Примајќи ги учесниците на генерално собрание на Конгрегацијата за наука на вера, папа Фрањо говореше за неповредливоста на вредноста на човечкиот живот, за грижата за болните во критичните и терминалните моменти од животот, и истакна дека е потребно повторно пишување на „граматика“ за преземање одговорности и грижа за лицата кои трпат

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Блаженствата се порака за целото човештво

Започнувајќи ја новата низа на катехези за блаженствата, папа Фрањо на Генералната аудиенција објасни како Исус поучува за „новиот“ закон, закон на сиромаштво, благост и милосрдие. Папата ги поттикна верниците да ја искусат Господовата моќ во нашето секојдневно трпение, за да ја достигнеме среќата која Бог ни ја предлага

Ватикан Вести

Кардинал Џовани Батиста Ре  е нов декан на Кардиналскиот колегиум

Папа Фрањо ја одобри одлуката на кардиналите од редот на бискупи кои за нов декан на Кардиналскиот колегиум го избраа кардиналот  Џовани Батиста Ре; негов заменик ќе биде кардинал Леонардо Сандри