Tag "Папа Фрањо"
Папата ја изрази својата близина со жртвите на насилство во Јужна Колумбија
Папата Фрањо ја осудува серијата насилства во југозападниот дел од пацифичкото подрачје на Колумбија и ја изразува својата блискост со луѓето што живеат среде толку многу страдања, напиша државниот секретар кардинал Пиетро Паролин во телеграмата до претседателот на Бискупската конференција на Колумбија, надбискупот Оскар Урбин Ортега.
Сочувство на папата Фрањо по повод смртта на принцот Филип
Државниот секретар на Ватикан Пиетро Паролин на 9 април 2021 година испрати телеграма во име на папата Фрањо до англиската кралица Елизабета Втора по повод смртта на нејзиниот сопруг принцот Филип. „Тажен од веста за смртта на вашиот сопруг принцот Филип, војводата од Единбург, Неговата Светост Папата Фрањо изразува искрено сочувство до Вашето Височество и членовите на кралското семејство“, стои во телеграмата на кардиналот Пиетро Паролин. Во писмото се потсетува на верноста на принцот кон бракот и семејството, како и
Молитвената накана на Папата за месец април е за човековите права
Објавено е видеото со молитвената накана за април 2021 година во кое Папата ги охрабрува сите верници да се молат за заштита на основните човекови права.
Папата Фрањо потсети на празникот на Божјото милосрдие
По завршувањето на катехезата на Генералната аудиенција во среда 7 април 2021 година, обраќајќи им се на верниците на полскиот јазик, Папата потсети дека следната недела Црквата го слави празникот на Божјото милосрдие, востановен од Свети Иван Павле II. Тој потсети дека литургијата во таа недела го истакнува патот на милосрдието, кој поттикнува нови односи на братска солидарност меѓу луѓето затоа што ги обновува односите на секоја личност со Бога. Имено, човекот добива милосрдие од Бога, но исто така е
Папа Фрањо: Првиот прогласен светец е „добриот разбојник“
На Генералната аудиенција во среда 7 април 2021 година папата Фрањо ја посвети катехезата на молитвата и заедништвото на светците. Нашата молитва никогаш не е осамена, нè поврзува со таинствената солидарност со оние што ни претходеа пренесувајќи ни ја верата, рече Папата. Молитвата за другите е првиот начин на кој искажуваме дека ги сакаме.
Папата: Вакцините се клучното средство во борбата против пандемијата
„Сите сме повикани да се бориме против пандемијата, а вакцините се клучното средство во таа борба,“ истакна Папата во пораката објавена на социјалната мрежа Твитер на 7 април.
Апелот на Папата по повод поплавите во Индонезија и Источен Тимор
Папата Фрањо во среда 7 април 2021 година се спомна на жртвите од поплавите што ги погодија Индонезија и Источен Тимор.
Папата повика да се шири на културата на братство во спортот
На Генереланта аудиенција во среда 7 април 2021 година, папата Фрањо ја истакна димензијата на заедништво во спортот и може да поттикне „заеднички и хармоничен дијалог меѓу различните култури и народи“.
Папата до филипинските верници: Многу страдавте, но благодарение на верата секогаш одново се подигнувате
По повод 500 години евангелизација на Филипините папата Фрањо на верниците им упати видео порака во која им се заблагодарува за тоа што знаеле да го даруваат она што бесплатно го примиле, Исусовиот живот и верата.
Папата Фрањо ја предводеше воскресната света Литургија во базиликата Свети Петар
Светиот Отец ја предводеше светата Литургија на празникот Воскресение Господово 4 април во ватиканската базилика Свети Петар.