Tag "Папа Фрањо"
Папата: Мирот и соживотот се воспоставуваат од ден на ден
На крајот од вториот ден од Aпостолското патување, среда 14 септември 2022 година, Папата служеше света Литургија во главниот град на Казахстан, на средба со католиците од таа земја, како и од другите делови на Азија. Тој во својата проповед го истакна значењето на Крстот Христов, орудие на спасение и поттикна на братство, соживот на различните етнички и религиозни реалности и мир што треба да се воспоставува секој ден.
Папата во Казахстан: Никогаш не се навикнувајте на војна
На крајот од светата Литургија во среда 14 септември 2022 година во Нур-Султан, папата Фрањо се помоли за сите области во светот погодени од војна и повика на дијалог на патот кон мирот и сите да им помогнат на оние кои страдаат.
Обраќање на Папата на Конгресот: Религиите се клуч за градење светски мир и разбирање
Во својот говор на 7. Конгрес на поглаварите на светските и традиционалните религии во Нур-Султан, папата Фрањо нагласува дека религиите треба да растат во пријателство за да одговорат на жедта за мир во светот и за бесконечното што се наоѓа во срцето на секој од нас.
Средбата на oдговорните на Движењето на Фоколарите се отвори со порака на папата Фрањо
Заедно во радоста да се сретнат во живо по пандемијата, до одговорните на Движењето на Фоколарите од целиот свет собрани заедно од 10 до 23 септември, доаѓа и неочекуваниот и срдечен поздрав на папата Фрањо.
Папата Фрањо во Казахстан: На светот му треба мир и хармонија
Во првиот говор во рамките на Апостолското патување во Казахстан, Папата на средба со претставниците на граѓанските власти поттикна негување на хармонијата, за да преовладува во земјата мирот и демократијата.
Папата Фрањо го започна патувањето во Казахстан
Цел на 38. Апостолско патување на папата Фрањо е да учествува на 7. Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии и да се сретне со локалната католичка заедница.
Папата до студентите од Швајцарија: Имајте дух на ученици на секоја возраст
Оваа година Здружението на швајцарски студенти ја прославува 75-годишнината од канонизацијата на заштитникот на нивната земја и здружението – Свети Никола од Флуе. Ова е причината за нивното ходочастие во Рим, при што се сретнаа со Светиот Отец, кој ги поттикна да се залагаат за правото на студирање.
Порака на Папата за 37. Светски ден на млади: Да станеме и да побрзаме како Марија
Во овие тешки времиња на пандемија и војна, „Марија ни го покажува на сите нас, а посебно на вас, младите како неа, патот на близина и средба“, охрабрува папата Фрањо во својата порака за Светскиот ден на младите 2022-2023 година, кој ќе биде прославен во Лисабон следниот август на тема „Марија, како стана во тие дни, отиде бргу“ (Лука 1,39).
Патувањето во Казахстан Папата го довери на Богородица
Папата Фрањо накратко ја посети Римската базилика Света Марија Велика со цел на Пресвета Богородица да ѝ го довери своето 38. Апостолско патување во странство, на кое ќе тргне во вторник 13 септември во утринските часови.
Ангел Господов: Бог не е „мирен“ ако се одалечиме од него, почнува да не бара
Во пладневното обраќање пред молитвата Ангел Господов, Светиот Отец се осврна на параболата за изгубената овца, парата и синот, нагласувајќи дека Господ не ги брои загубите и ризиците, Тој има срце на татко и мајка и страда кога ги нема Неговите сакани деца.