Mонсињор Сангали е нов потсекретар на Дикастеријата за евангелизација

Mонсињор Сангали е нов потсекретар на Дикастеријата за евангелизација

Покрај потсекретарот на Дикастеријата, папата Фрањо назначи и членови и советници во Одделот на Дикастеријата за евангелизација, кој се занимава со фундаментални прашања на евангелизацијата во светот.

На 25 април, папата Фрањо го именува монсињор Самуеле Сангали, поранешен службеник во Дикастеријата за епископи, за потсекретар во Одделот за прва евангелизација и нови партикуларни цркви на Дикастеријата за евангелизација. Монс. Сангали е роден во 1967 година во италијанскиот град Лече, а за свештеник е ракоположен во 1996 година. Дипломирал образовни науки на Универзитетот во Рома Тре, докторирал филозофија на Папскиот универзитет Грегоријана, каде што предава и се стекнал со лиценцијат за духовна теологија на Терезијанум. Тој исто така предава на Слободниот меѓународен универзитет за општествени студии Гвидо Карли во Рим.

Покрај именувањето на потсекретар, папата Фрањо именува и членови на Дикастеријата за евангелизација, во Одделот за фундаментални прашања на евангелизацијата во светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот