Kонцерт во Скопската катедрала на богословскиот грегоријански хор „Coram Domino” од Ѓаково, Хрватска

На 27 октомври 2013 година во Скопската катедрала ќе гостува богословскиот грегоријански корален хор “Coram Domino” од Ѓаково. Тие со своето пеење ќе ја збогатат вечерната неделна света Миса во 18.00 часот, а по Мисата ќе одржат и концерт под водство на маестро Иван Андриќ.

Членови на овој хор се богослови од Ѓаковската богословија, меѓу кои се наоѓа и богословот Емануел Матес, од парохијата Срце Исуово – Скопје

Повикани се сите љубители на класичната духовна музика, на оваа ретката можност, да слушнат традиционални грегоријански напеви кои се вистинско богатство на христијанското музичко наследство.

Е.Абјаниќ

Категорија: Македонија

За авторот