Invictus Games: Конкретен знак на единство меѓу народите

Invictus Games: Конкретен знак на единство меѓу народите

Папата Фрањо испрати порака до учесниците во спортските игри Invictus Games, кои ќе се одржуваат од 23 до 30 септември 2017 година во канадскиот град Торонто.

Станува збор за меѓународни спортски игри, кои ги основаше Хари, принцот од Велс, во кои ранети и инвалиди, воени ветерани се натпреваруваат во различни спортови. На наведениот настан ќе учествуваат околу 550 спортисти од 17 земји, а кои ќе се натпреваруваат во 12 различни спортски дисциплини.

Светиот Отец во својата порака која ја потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, истакна дека се моли за учесниците на средбата и дека сите ги благословува. На 19 септември 2017 година пораката ја прочита кардинал Томас Колинс, надбискуп на Торонто, за време на меѓурелигиската средба одржана во катедрлата Свети Јаков, во присуство на христијани, евреи, муслимани, будисти и хиндуисти.

Папата Фрањо ги поттикна сите натпреварувачи на светот да му понудат дополнително сведоштво за нескршливиот човечки дух, кој со милоста Божја може одлучно и храбро да се соочи со секој предизвик. На посебен начин се моли тие натпреварувачки денови да промовираат плодоносна средба меѓу земјите, културите и вероисповедите, и да претставуваат конкретен знак на единство меѓу народите и достоинството на секој човечкиот живот.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот