Од 3-5 септември 2018 година во родната парохија на Света Мајка Тереза „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје и родниот град Скопје ќе се одржат III. денови на Света Мајка Тереза со следната програма:
Понеделник, 3 септември 2018
Акција – Љубов на дело
Да ги побараме околу нас оние кои имаат потреба од нашата љубов и милосрдие
Вторник, 4 септември 2018
19:00 часот – „Светица во темнината“
претстава во режија на Ивана Перош, по текст на Венко Андоновски ќе се одржи во Драмски театар – Скопје
Среда, 5 септември 2018
12.00 часот – „Наследството на Мајка Тереза“
изложба на фотографии на авторката Патрисија Морено Руиз – Олалде, ќе се одржи во Спомен куќа на Мајка Тереза
18.00 часот – Процесија и свечена Литургија во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ предводена од монс. д-р Перо Судар, помошен сараевски бискуп во заедништво со месниот ординариј монс. д-р Киро Стојанов
к.мк