Eксклузивно: Папата Фрањо донираше 50.000 евра за настраданите во поплавите и земјотресот што го зафати родниот град на света Мајка Тереза – Скопје

На 22 септември 2016 година Апостолската нунцијатура во Македонија го извести Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, д-р Киро Стојанов, дека Папскиот совет „Cor Unum” одобри 50.000 евра, дар на Светиот Отец папата Фрањо, за настраданите од неодамнешните поплави што го зафати Скопје на 6 август и земјотресот од 11 септември 2016 година.

Светиот Отец папата Фрањо по поплавите што го зафати Скопје на 6 август упати сочувство до семејствата на загинатите во поплавите, а со овој дар ја искажа близината и татковската грижа кон македонскиот народ и нејзините граѓани кои настрадаа во елементарните непогоди, молејќи застапништво од света Мајка Тереза пред Господа Бога и упатува свој Апостолски благослов.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот