Во Торино заврши XIII Mеѓународна средба на лаичкото движење на брачната духовност. Повикот на Габриел Гамбино до сопружниците христијани: „Побудете ја желбата да бидете блиски со Бога“. Сестра Натали Бекарт: „Семејството, првото училиште на синодалноста“. Следната средба ќе се одржи во 2030 година.
Не одевте сами по патот до Емаус, туку како сопружници, држејќи се за рака, го прифативте Исус кој чекореше меѓу вас. Го оставивте да ве води и почувствувавте дека срцето ви гори. Затоа од денес одте со разгорено срце за да ги давате даровите што сте ги добиле, поттикнати од жарот, топлината и длабоката сила што произлегува од вашата лична средба со Христос, но и како брачен пар – рече Габриела Гамбино, секретар на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, на 20 јули 2024 година, пред скоро пет илјади парови од целиот свет кои заедно со своите духовни водачи од понеделник, 15 јули, се собрани во Торино, Италија, по повод XIII Средба на лаичкото движење на брачната духовност Équipes Notre-Dame. Наизменично со моменти на духовност и размислување, на 20 јули беа завршени работите фокусирани на темата „Да чекориме со разгорени срца по стапките на учениците од Емаус.“ Следната меѓународна средба ќе се одржи во 2030 година.
Жарот – објасни Гамбино – е жед што треба да се гаси секој ден, враќајќи се на Евхаристијата, изворот и врвот на христијанскиот живот“, а за да се одржи во живот, не е доволна ниту волја, ниту труд на расудување, ниту сеќавање. Срцето гори додека Христос со него разговора интимно. Местото на тој дијалог е Евхаристијата: таму го препознаваме и повторно го среќаваме, како поединечни крстени лица и како сопружници.
Треба да се поттикне желбата да се биде во близина со Бога – продолжи, е пат што може да се предложи на секој христијански пар, но посланието за евангелизација ќе го направи светот пропустлив за Бога и неговата благодат ако, пред сè, ако ја прифаќаме љубовта на Отецот. Ние сме како јаглен кога на другите им се пренесуваме себеси, нашите идеи, нашите планови, нашето размислување; кога создаваме поделби, поддржуваме конфликти или ги оставаме да стагнираат. Сепак – истакна, можеме да бидеме како дијаманти ако се испразниме за да ја одразуваме желбата на Исус да го преобрази нашиот семеен живот за да им даде полнота.
Вашата харизма го истакнува бракот како света Тајна во послание! Затоа остварувајте го тоа радосно и споделувајте го со другите. Тоа нека не ви биде привилегија, туку задача да ја видите убавината на бракот во време кога младите повеќе не се венчаваат.
Во свет во кој семејствата чувствуваат духовна глад за Христос, потреба од доверба, утеха, да се чувствуваат сакано и прифатено со сопствените недостатоци и слабости, секретарот на Дикастеријата за лаици, семејство и живот ги поттикна присутните да ги следат и прифатаќаат луѓето, не оставајќи ги на опасните противречноста меѓу нивните конкретни потреби и трансцедентното, односно Исус. Задачата на христијанските семејства – објасни Гамбино – е да им помогнат на другите семејства да бидат домашни цркви. Особено новите генерации брачни парови треба да бидат свесни дека се потребни за изградба на Црквата, бидејќи само домашните цркви кои живеат заедно во себе ќе можат да бидат предмет на успешна евангелизација – истакна Габриела Гамбино.
Семејството како прво синодално училиште беше почетна точка на говорот на сестра Натали Бекарт, потсекретар на Генералниот секретаријат на Синодата, која во петокот на 19 јули, зборуваше за синодалноста како начин на заедништво.
Како двојки во христијански брак, вие го носите ова фундаментално сведоштво за можниот тек на синодалноста за да воспоставите заедница во различностите со тоа што ќе се отворите за плодноста на љубовта – рече таа, нагласувајќи дека искуството на брачната двојка, зајакнато од желбата целосно да се живее благодатта на христијанскиот брак, поттикнува заедничко одење со Христос во различностите, конкретното искуство за постигнување на трите клучни зборови на Синодата: заедништво, учество, послание.
Она што се случува во семејството, односно редовното собирање за да се процени ситуацијата, да се разговара за важни животни прашања, да се споделат важни одлуки и да се најдат начини да се надминат можните конфликти, според Натали Бекарт е како „мини-синода“, која овозможува парот да го преиспита своето заедничко одење и да одлучи како да продолжи. Од друга страна, бракот е авантура на заедништвото што се продлабочува кога секој си дозволува да се преобрази и преобрати во она што Духот го обликува во него преку другиот, во согласност со динамиката на разговорот и преобраќањето што исто така дејствува во синодален метод – истакна сестра Натали Бекарт, потсекретар на Генералниот секретаријат на Епископската синод.
Ватикан њуз/к.мк