Светиот Отец славеше света Литургија со млади Исусовци
Папата Фрањо во саботата на 2 август во домот Света Марта ја предводеше Литургијата на која беа присутни група млади Исусовци кои биле на ручекот со Светиот Отец на 31 јули во Генералната курија на Дружбата Исусовци. Во проповедта Папата зборуваше за ликот на свети Петар Фабер чиј литургиски спомен се слави ден претходно на 1 Август. Тој пријател на свети Игнациј Лојолски и прв исусовец ракоположен за свештеник, папата Фрањо го прогласи за светец на 17 декември минатата година.
На Литургијата беше и студентот исусовец Николо Маза кој во разговор за Радио Ватикан се осврна на средбата со Папата и кажа дека неговиот стил е силен повик за враќање на она важното, она вистинското во каризмата на Дружбата Исусовци и игнациевската духовност. Истакнувајќи дека се чувствува што Светиот Отец е Исусовец и тоа по неговата скромност, едноставност и начинот на кој се однесува со луѓето, Николо рече дека во некои моменти има вистинско чувство како нешто да дели со собратот со постариот брат.
Осврнувајќи се потоа на проповедта на Папата во која зборуваше за свети Петар Фабер, Николо кажа дека неговиот лик е многу важен во почетокот на Дружбата Исусовци. Папата Фрањо зборуваше за стилот на свети Петар Фабер чиј што стил близина, но и на расудување и истакна дека можел да се затвори во фундаментализам, во јасни идеи не ризикувајќи ништо. Меѓутоа, свети Петар Фабер во највистинскиот дух на свети Игнациј одлучил да биде со народот со оние кои биле далеку и сето тоа го правел во духот на расудувањето – рече на крајот Николо.
РВ/Д.И.