Папата до италијанските епископи: сиромаштвото на заедништво е најголема соблаза

Недостатокот или сиромаштвото на заедништво е најголема соблаза; ерес што го нагрдува Божјото лице и ја разорува Црквата. Поделбите не можат да се оправдаат со ништо, истакна папата Фрањо

, говорејќи вчера попладне на 66 заедничко Собрание на италијанските епископи што се одржува во Ватикан.

Папата зборуваше за своето видување на Црквата и како е основно да се тежнее кон единство, бидејќи недостатокот на заедништво е најголема соблаза… Затоа, како пастири, имаме за цел да ги одбегнуваме искушенијата што нè изобличуваат, да се грижиме само за себе, како да постои некоја благосостојба освен благосостојбата на нашите заедници; од клевети, половични вистини што стануваат лаги, од жалења што сведочат за интимните разочарувања, истакна Папата.

Нашите свештеници, вие тоа добро го знаете, често изморени од презафатената служба и понекогаш слабите резултати ги обесхрабруваат: ги формираме така што успехот го мерат со правилото на расход –  добивка, резултатот зависи од вложениот труд. Како пастири бидете едноставни во живеењето, не тежнејте за материјалните добра, бидете сиромашни и милосрдни. Наведнете се пред оние што се емоционално ранети и пред оние на кои животот им губи смисла, поттикна Светиот Отец.

 РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот