Кардинал Каповила: папата Фрањо можеше да биде Иван XXIV
Кратко по неговиот изборот за Папа, папата Фрањо во предвид имаше сосема друго име. За избор на папско име беше во игра името Иван XXIV, изјави кардинал Лорис Каповила за италијанскиот весник „Еко ди Бергамо“.
Според кардинал Kаповила, секретар на папата Иван XXIII, кој во февруари е именуван за кардинал, Папата имаше еден краток разговор со бразилскиот кардинал Хумес кој го поттикна за името Фрањо.
Претходно самиот Папа во едно интервју изјави дека кардинал Хумес во таа прилика го потсети на посебната одговорност за сиромашните, поради што на крајот се одлучи за името Фрањо. Според зборовите на кардинал Каповила папата Фрањо и папата Иван XXIII, кој е наречен и „добриот папа“ се многу слични.
Кат нет/го*ко
Категорија:
Ватикан