На социјалните мрежи на Радио Марија започна третата сезона од серијалот „На пат за Витлеем“

На социјалните мрежи на Радио Марија започна третата сезона од серијалот „На пат за Витлеем“

Од сабота, 28 ноември 2026 година, на социјалните мрежи на Радио Марија Македонија започна да се емитува третата сезона од серијалот „На пат за Витлеем“, наменет како духовна подготовка во текот на Божиќниот пост за празникот Рождество Христово.

Серијалот, подготвен од главниот и одговрен уредник протојереј отец Гоце Костов, донесува кратки духовни размислувања кои во текот на постот ќе ги придружуваат слушателите и следбениците на Радио Марија на патот кон Витлеем, поттикнувајќи на молитва, продлабочување на верата и подготовка на срцето за прославата на Христовото Рождество.

„На пат за Витлеем“ веќе трета година е дел од божиќната духовна програма на Радио Марија. И во претходните сезони серијалот им нудеше на верниците секојдневни размислувања во текот на Божиќниот пост, со повик духовно да се подготват за средбата со Богомладенецот.

Новите размислувања може да се следат преку официјалните профили на Радио Марија Македонија на социјалните мрежи.

YouTube канал
Радио Марија Македонија на YouTube

Facebook
Радио Марија Македонија на Facebook

Instagram
Радио Марија Македонија на Instagram

Оние кои сакаат размислувањата секое утро да ги добиваат и преку Вибер можат да се приклучат на каналот „На пат за Витлеем“. По приклучувањето, содржините ќе бидат достапни директно преку Вибер, а пријавувањето може да се направи и со скенирање на QR-кодот

Приклучете се на Вибер каналот „На пат за Витлеем“

Преку третата сезона на „На пат за Витлеем“, Радио Марија повторно ги повикува верниците заеднички да го живеат Божиќниот пост и со молитва и духовно размислување да се подготват за празникот Рождество Христово.

НА ПАТ ЗА ВИТЕЛЕЕМ – 2026

Категорија: Вести, Македонија

За авторот