Претседателот на Латвија на аудиенција кај Папата

Претседателот на Латвија на аудиенција кај Папата

Папата Лав XIV го прими на аудиенција претседателот на Република Латвија, Едгарс Ринкевичс, во Апостолската палата во Ватикан.

Едгарс Ринкевичс утрво петок 4 септември 2026 година, беше примен во Апостолската палата во Ватикан. Разговорите во Државниот секретаријат беа посветени на национални и меѓународни прашања, особено на конфликтот во Украина и на потребата од поголема посветеност на меѓународната заедница за мир.

Потоа, во Државниот секретаријат, латвискиот претседател се сретна со државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин, во придружба на монсињор Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.

Разговорите во Државниот секретаријат

„За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат“, се наведува во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, „беше изразено задоволство од добрите односи меѓу Светиот Престол и Република Латвија“.

Во продолжение на разговорите, се додава во соопштението, било разговарано за прашања од заеднички интерес, како на меѓународно, така и на регионално ниво.

Посебно внимание било посветено на тековниот конфликт во Украина, при што била потврдена потребата од поголема посветеност на меѓународната заедница за промовирање мирни решенија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот