Бискупот Стојанов со посета и помош за семејства во потреба во духот на света Мајка Тереза

Бискупот Стојанов со посета и помош за семејства во потреба во духот на света Мајка Тереза

Во рамки на манифестацијата „Денови на света Мајка Тереза“, на 4 септември 2026 година, продолжуваат посетите на семејства и лица во социјален ризик, практика воспоставена од монс. д-р Киро Стојанов, претседател на Македонски Каритас.

Во претпладневните часови епископот Стојанов, заедно со отец Зоран И. Стојанов и претставници на Каритас и соработници, посети повеќе семејства на кои им е потребна поддршка. Во текот на посетите ќе бидат поделени пакети со храна и средства за хигиена.

Оваа активност е дел од повеќегодишната практика во рамки на чествувањето на света Мајка Тереза, преку која споменот на светицата родена во Скопје се поврзува со конкретни дела на милосрдие и грижа за најранливите.

Посетите имаат цел, покрај материјалната помош, да им донесат близина, внимание и охрабрување на луѓето кои се соочуваат со сиромаштво, осаменост или други животни тешкотии. На тој начин се продолжува духот на посланието на света Мајка Тереза, која својот живот го посвети на служењето на сиромашните, болните и напуштените.

Програмата на „Денови на света Мајка Тереза“ ќе продолжи и во вечерните часови. Во 18:00 часот во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје бискупот Стојанов ќе ја предводи светата Литургија, а потоа дон Давор Топиќ ќе ги сподели своите впечатоци и спомени од канонизацијата на Мајка Тереза во 2016 година.

Манифестацијата се одржува од 26 август до 5 септември со повеќе духовни, културни и хуманитарни настани во Скопје.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот