По повод празникот Раѓање на свети Иван Крстител, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, ќе ја предводи светата архиерејска Литургија во вторник, 7 јули 2026 година, со почеток во 18.00 часот, во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, во заедништво со свештеници од Епархијата и Бискупијата.
Во предвечерието на празникот, во понеделник, 6 јули 2026 година, со почеток во 18.00 часот, ќе се служи празнична Вечерна со благослов на петолебие.
По повод патрониот празник, верниците ќе можат да добијат потполн опрост под вообичаените услови пропишани од Црквата.
к.мк

