За време на Генералната аудиенција во среда, 3 јуни 2026 година, папата Лав XIV потсети дека Црквата оваа недела го слави празникот на Пресветото Тело и Крв Христови. Тој ги охрабри верниците да го одржуваат живо јавното сведоштво на верата, видливо во евхаристиските поворки што се одржуваат низ целиот свет. Папата упати и срдечни зборови на молитвена близина до свештениците и верниците на Блискиот Исток.
„Израз на народната евхаристиска побожност се поворките со Пресветата Тајна што се одржуваат по улиците на многу градови и села. Во таа смисла, ве охрабрувам да ја одржувате жива оваа прекрасна пројава на јавно сведоштво на верата.“
Со овие зборови папата Лав XIV се обрати за време на Генералната аудиенција во среда, потсетувајќи дека Црквата оваа недела го слави празникот на Пресветото Тело и Крв Христови.
Папата ги охрабри верниците да учествуваат во оваа традиција, потсетувајќи дека „во Евхаристијата Го созерцуваме Исус, Лебот прекршен и даруван за секого од нас“.
Во поздравите до верниците, Папата упати и посебни зборови на блискост до свештениците и верниците на Блискиот Исток.
„Со мојата молитва и со мојот благослов ја придружувам вашата служба и надежите на вашите земји“, рече Светиот Отец.
Папата ги поздрави и Ќерките на Светото Срце Исусово, членовите на монфортанското семејство и Сестрите на Богородица од Горната соба, охрабрувајќи ги „да бидат знак на надеж за сите оние што жедуваат за Бога, за Неговата вистина и за Неговиот мир“.
Ватикан њуз/к.мк

