Епископот Стојанов во проштална посета ја прими сестра Саирен

Епископот Стојанов во проштална посета ја прими сестра Саирен

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, во својата резиденција на Водно, ја прими во проштална посета сестра Саирен, мисионерка на љубовта, која беше придружувана од својата сосестра, сестра Игнација.

На средбата епископот Стојанов го истакна нејзиното верно и несебично служење на Црквата во Македонија и упати благодарност за нејзиното служење на најранливите. Воедно ја нагласи важноста на мисијата што Мисионерките на љубовта ја вршат во духот на светата Мајка Тереза, преку конкретна грижа за сиромашните, болните, осамените и сите кои имаат потреба од човечка близина.

Епископот Стојанов ѝ посака Божји благослов во нејзиното понатамошно служење и ја довери на застапништвото на Пресвета Богородица и света Мајка Тереза.

Сестра Саирен пет години го извршуваше своето послание во Македонија, служејќи им на луѓето во потреба, не правејќи разлика на нивната верска, етничка или социјална припадност.

Мисионерките на љубовта, кои се присутни и во Македонија, се монашка заедница основана од света Мајка Тереза, со посебно послание да Му служат на Христос во „најсиромашните меѓу сиромашните“.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот