Во понеделник, 27 април 2026 година, во Паљурци се одржа средба на епископот Киро Стојанов со свештениците од Струмичко-скопската епархија, а во организација на ректорот на Светилиштето протојереј отец Зоран И. Стојанов и протојереј ставрофор отец Тома Ангелов.
Во рамки на средбата, најпрво беше посетена црквата „Пресвета Богородица Утешителка“, а потоа и темелите на црквата „Свети Ѓорги“, како и црквата „Свети апостол Павле“, која е во изградба.
На средбата се разговараше за духовното наследство и богатството што Паљурци го има за Католичката црква во Македонија, како и за неговото значење како молитвено место.
Свештениците разговараа и за идни пасторални планови и можни иницијативи што би можеле да се реализираат во Паљурци, со цел ова место уште повеќе да се заживее како простор за духовни средби и молитвени настани.
Средбата заврши со заедништво и дружење.
к.мк




