Папата до перуанските бискупи: Живејте како апостолите

Папата до перуанските бискупи: Живејте како апостолите

Папата Лав XIV ги повика бискупите од Перу да ја обноват својата посветеност на единството, верноста кон Евангелието и пасторалната близина, додека се соочуваат со предизвиците на евангелизацијата во денешниот свет. Тој, исто така, потсети на своето лично пасторално искуство во Перу и призна дека Перу има „посебно место во неговото срце“.

Поздравувајќи ги бискупите од Перу во Ватикан за нивната ad limin  посета, папата Лав XIV ги повика да живеат ad instar Apostolorum – „на начин како апостолите“.

Сместувајќи го нивното ходочестие во поширокиот контекст на 300-годишнината од канонизацијата на Свети Торибио де Могровехо, светец-заштитник на латиноамериканскиот епископат, Папата ги потсети присутните дека тие се „плод на евангелиското семе што овој свет бискуп го посеа во тие земји“.

Заедништвото како срце на веродостојноста

Во обраќањето Папата папата стави силен акцент за единство и заедништво. „Денес“, рече тој, „кредибилитетот на нашето навестување минува низ вистинско и срдечно заедништво меѓу пастирите, и меѓу нив и Божјиот народ, надминувајќи ги поделбите, личните амбиции и секоја форма на изолација“.

Потсетувајќи се на примерот на раната Црква и сведоштвото на Свети Торибио, тој истакна дека автентичното заедништво не е само структурно, туку длабоко духовно, вкоренето во заедничката вера и мисија.

Верност на Евангелието

Осврнувајќи се на предизвиците со кои се соочува Црквата во Перу денес, Папата укажа на потребата од обновена верност кон Евангелието, навестено во неговата полнота и интегритет.

„Свети Торибио не навести свој збор, туку збор што го прими, верувајќи во неговата преобразувачка сила“, рече папата, додавајќи дека Црквата денес е повикана на „јасно, храбро и радосно навестување, способна да се вклучи во дијалог со културата без да го изгуби христијанскиот идентитет“.

Пастирска близина и мисионерска посветеност

Папата Лав, исто така, ја истакна важноста на пастирската близина, повикувајќи ги бискупите да ја обликуваат својата служба според онаа на апостолите и Свети Павле, кои „станаа сè за сите луѓе“ заради Евангелието.

„Да се живее ad instar Apostolorum значи да се биде близок со сите што ни се доверени, да се интересираме за нив, да учествуваме во нивниот живот и нивното патување“, рече тој, истакнувајќи ја важноста на грижата за најкревките и најранливите.

Лична поврзаност со Перу

Навлегувајќи во личното искуство, папата Лав XIV се присети на својот пастирски живот во Перу, опишувајќи ја земјата како земја што има „посебно место во неговото срце“.

„Таму ги споделував со вас радостите и тешкотиите, учев од едноставната вера на вашиот народ и ја искусив силата на Црквата која знае да се надева дури и во искушенијата“, рече тој.

Благослов за целиот народ

Завршувајќи го своето обраќање, Папата ги довери бискупите, свештенството, монасите и сите верници од Перу на мајчиното застапништво на Богородица Милосрдна, давајќи го својот апостолски благослов на посебен начин „на оние на кои им е најпотребна сила и утеха“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот