Папата Лав XIV: Чувството на припадност е поважно од бројот на луѓе во Црквата

Папата Лав XIV: Чувството на припадност е поважно од бројот на луѓе во Црквата

Во јануарското издание на списанието „Пјаца Сан Пјетро“, папата Лав XIV ја охрабрува швајцарската катехистка која се бори да ги вклучи семејствата во нејзината парохија, велејќи дека „часовите посветени на катехеза никогаш не се залудни“.

Јануарското издание на италијанското списание „Пјаца Сан Пјетро“ е посветено на темата за мирот и во него, папата Лав XIV ѝ одговара на Нунција, 50-годишна швајцарска катехистка, која му напишала писмо во кое детално ја опишува својата борба за вклучување на семејствата во парохијата.

Семејствата и децата се сè потешко достапни

Во своето писмо, Нунција – која живее во Лауфенбург, мала општина со 620 жители – објаснува како „во Швајцарија е тешко да се вклучат родителите, а понекогаш дури и децата и младите да веруваат во Бога“.

„Сеам семе, но садниците се мачат да пораснат. Децата и семејствата претпочитаат спорт и забави“, пишува таа, додавајќи како семејствата честопати се рамнодушни кон верската практика, а црквите излгеда дека се сè попразни или со постари лица.

Нунција го завршува своето писмо со барање од папата Лав XIV да се моли за младите луѓе што ѝ се доверени на нејзина грижа, за да не биде обесхрабрена.

Одговорот на папата Лав

Во истото издание, папата Лав ги признава загриженостите на Нунција и ги става во поширок контекст: „Ситуацијата во која живеете не се разликува од онаа во другите земји со древни христијански традиции“.

Папата нè повикува да гледаме подалеку од бројот на присутни: „Часовите посветени на катехеза никогаш не се залудни, дури и ако има многу малку присутни.“

Тој, исто така, повторно започнува со еден црковен предизвик: „Проблемот не е во бројките – кои, секако, нè тераат да размислиме – туку во сè поочигледниот недостаток на свест за чувството дека сме дел од Црквата, односно дека сме живи членови на Телото Христово, сите со уникатни дарови и улоги, а не само корисници на светото, на Светите Тајни, можеби од чиста навика“.

Папата, исто така, им ја охрабри Нунција и сите кои се соочуваат со слични тешкотии. „Како христијани, секогаш ни е потребно преобраќање. И мора да го бараме заедно“, пишува тој и потсетува дека вистинската врата на верата „е Срцето Христово, секогаш широко отворено“.

Заклучниот апел на папата Лав е вкоренет во наследството на Павле VI: „Она што можеме да го направиме е да сведочиме за радоста на Христовото Евангелие, радоста на преродбата и воскресението“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот