Папата до младите од Тезе: Бидете градители на мирот и носители на надежта

Папата до младите од Тезе: Бидете градители на мирот и носители на надежта

Во пораката потпишана од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, до учесниците на 48. Европска средба на заедницата Тезе, организирана во Париз на крајот од годината, папата Лав XIV се надева дека моментите на молитва и споделување можат да помогнат во продлабочувањето на верата и во спознанието „како да се живее Евангелието во конкретна реалност“.

Да бидеме „ходочесници на доверба, градители на мир и помирување, способни да шириме понизна и радосна надеж на оние околу нас“ е повикот на папата Лав XIV упатен до младите луѓе, од 28 декември до 1 јануари, во Париз и регионот Ил де Франс, ќе се сретнат на 48. Европска средба, кој заедницата Тезе го организира секоја година. Светиот Отец ја испрати оваа порака, потпишана од државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, до речиси 15.000 учесници на возраст меѓу 18 и 35 години кои, на покана на европските цркви од различни деноминации, ќе се соберат во молитва и споделување, во дух на славење и пријателство. Папата ги ја вети својата духовна близина.

Со сознанието дека Христос е покрај нас

Радувајќи се што младите се собираат „во град обележан со богато верско наследство, обликувано низ вековите од светлите сведоштва на толку многу свети лица кои, секои на свој начин, храбро одговориле на Христовиот повик“, Папата забележа дека „темата на писмото: „Што барате?“, напишано оваа година од братот Матеј, игумен на Тезе, се осврнува на суштинско прашање кое живее во срцето на секое човечко битие и нè повикува да не се плашиме да го поставиме, „туку да го носиме во молитва и во тишина“, со сознанието дека Христос е на наша страна и со сигурност дека Тој „дозволува да биде пронајден од оние кои Го бараат со искрено срце“.

Живејте го Евангелието во конкретната реалност на вашиот живот

За Лав XIV, во оваа година „обележана со толку многу искушенија“ за човештвото, великодушното гостопримство што младите го добиваат во „Париз од верници од сите потекла и од луѓе со добра волја е моќна порака за светот“. „Моментите на молитва и споделување што ќе ги доживеете во текот на овие денови нека ви помогнат да ја продлабочите вашата вера, препознавајќи сè појасно како да го живеете Евангелието во конкретната реалност на вашите животи“, е желбата на Папата.

Другарство и братство

Во пораката, која го истакнува „посебниот црковен момент обележан со крајот на Јубилејната година и прославата на 1700-годишнината од Никејскиот собор“, се потсетува дека за време на екуменската молитвена средба во Изник, Папата зборувал за помирувањето како „повик што доаѓа од целото човештво погодено од конфликти и насилство“. На крајот, нагласува дека „желбата за полно заедништво меѓу сите верници во Исус Христос е секогаш придружена со потрагата по братство меѓу сите човечки суштества“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот