Бискупот Стојанов во Куманово служеше света Литургија за празникот Свето Семејство

Бискупот Стојанов во Куманово служеше света Литургија за празникот Свето Семејство

Во сабота на 27 декември 2025 година, во предвечерието на празникот Свето Семејство, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во сослужение на парохот дон Томаш Бак и бискупскиот канцелар протојереј ставрофор отец Марјан Ристов, служеше света Литургија за верниците од Куманово. Покрај верниот народ на Литургијата присуствуваше и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска.

Во проповедта бискупот Стојанов истакна дека во животот постојат две царства: небеско и земско и охрабри семејствата да бидат по примерот на назарејското семејство.

За време на Света Литургија епископот Стојанов на еден верник од Куманово му ја подели светата Тајна Миропомазание на верник од Куманово.

Заедништвото продолжи со агапе.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот