Во Скопје се одржа Духовна обнова за свештениците од Струмичко-скопската епархија и Скопска бискупија
Духовната обнова за свештениците од Струмичко-скопската епархија и Скопска бискупија се одржа во организација на душогрижништвото во Скопје и Деканатот Свети Кирил и Методиј.
Во среда,19 ноември 2025 година, во просториите на епископската резиденција на Водно, се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија и Скопска епархија, на која присуствуваше и Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.
Духовната обнова започна со молитвата Шести час, а духовно размислување одржа протојереј отец Димитар Ташев врз основа на стихот од посланието на апостол Павле до Солунјаните (4,3-4): „Ова е волјата Божја: да бидете осветени, да се воздржувате од блудство и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и чист.”
По размислувањето следуваше света Бројаница во капелата, со кратки медитации составени од протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, а свештениците имаа и можноста за света Исповед.
Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, а проповедаше отец Трајче Ташев.
к.мк

