Генерална аудиенција: Воскресението е лек за тагата

Генерална аудиенција: Воскресението е лек за тагата

За време на Генералната аудиенција, папата Лав истакна дека надежта во Исусовото воскресение „радикално ја менува нашата перспектива“ и „влева надеж што ја исполнува тагата“.

На Генералната аудиенција во среда, 22 октомври 2025 година, на плоштадот „Свети Петар“, папата Лав XIV се осврна на Христовото Воскресение како на „настан за кој човек никогаш не престанува да размислува и да медитира“. Тој нагласи дека колку повеќе човек се задлабочува во оваа таинство, толку повеќе се чувствува привлечен од „огромната, но фасцинантна светлина“.

Исусовото воскресение, продолжи Папата, може да излечи еден од најголемите предизвици на денешниот свет: тагата. „Наметлива и широко распространета, тагата ги следи деновите на многу луѓе“, истакна тој, опишувајќи ја како чувство на несигурност што продира во најдлабокото битие на човекот и ја запира радоста.

Тагата е крадец

„Тагата го лишува животот од смисла и енергија“, објасни папата Лав, „претворајќи го во патување без насока и без цел“.

Ова многу современо искуство може да се препознае и во настанот со двајцата ученици на патот за Емаус, опишана во Евангелието според Лука, кои се разочарале по смртта на Исус. Папата рече дека оваа сцена е пример за човечката тага: „крајот на целта во која е вложена сета енергија, уништувањето на она што изгледало како суштина на нивниот живот“.

Кога на двајцата мажи им изгледало дека сè е изгубено, Исус им се појавил како странец. Евангелието ги опишува како беа „нажалени“. Папата Лав посочи дека грчката придавка употребена во тој текст ја илустрира длабоката, сеопфатна тага што се гледа на нивните лица.

Надежта е реална и опиплива

Исусовите зборови до учениците ја разобличуваат „глупоста“ на нивните срца. Но, наместо да ги доведе уште подлабоко во тага, неговата искреност повторно разгорува чувство на надеж во нив. Кулминацијата на настанот се случува при прекршувањето на лебот, кога им се отвориија „очите на срцето“, осветлувајќи ја повторно визијата што била замаглена од очај.

Тој момент ја враќа радоста кај учениците и ги поттикнува да го споделат своето искуство со другите.

Христијаните го користат велигденскиот поздрав „Навистина воскресна“, и тоа не е случајно. Папата Лав нагласи дека Исус не воскреснал само со зборови, туку и со дела, бидејќи неговото тело сè уште ги носи белезите на распнувањето. „Победата на животот не е празен збор, туку вистински, опиплив факт.“

Папата изрази надеж дека радоста на учениците од патот кон Емаус може да биде потсетник за сите нас, особено кога живееме во тешки времиња. Исус, Воскреснатиот, длабоко ја менува нашата перспектива, дарувајќи ни надеж што може да ја растера секоја тага.

Гледањето кон Воскресението помага човекот да го промени својот поглед кон светот и да сфати дека Вистината е спасена и продолжува да нè спасува. „Историјата сè уште содржи многу добрина во која можеме да се надеваме.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот