Шест месеци по смртта на Фрањо: Ходочесниците се молат на гробот на Папата

Шест месеци по смртта на Фрањо: Ходочесниците се молат на гробот на Папата

Светол понеделник, 21 април – точно пред шест месеци: веста за смртта на папата се прошири како шумски пожар низ целиот свет. По погребната света Литургија на плоштадот „Свети Петар“, папата Фрањо беше пренесен во папската базилика Света Марија Велика, каде што е неговото последно почивалиште. Ходочесниците продолжуваат да пристигнуваат со несмален интензитет.

Некои сакаат да поминат низ Светата Врата во молитва во текот на оваа Света година, некои сакаат да ја посетат културно и историски значајната црква, а други сакаат да присуствуваат на света Литургија – но огромното мнозинство имаат едно заедничко нешто: застануваат барем за кратка молитва на гробот на Фрањо, кој, според негова желба, е погребан во едноставен земјен гроб во некогаш неискористена ниша во базиликата.

„За време на јубилејот на млади во Светата година имавме приближно 100.000 посетители за само четири дена,“ истакна кардиналот Роландас Макрикас, архипрезвитер на базиликата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот