Ви го пренесуваме размислување за Седумнаесеттата недела по Педесетница според Евангелието од Матеј 15,21-28-30 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.
Од Светото Евангелие според Матеј (15,21-28)
И кога излезе оттаму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска.
И ете, една жена Хананејка, како излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес.”
Но Он не ѝ одврати ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, оти вика по нас.”
А Он одговори и рече: „Јас сум пратен само при загубените овци на домот Израилев.”
Но таа, кога пристапи, Му се клањаше и велеше: „Господи, помогни ми!”
А Он, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.”
Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.”
Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!” И во тој час оздраве ќерката нејзина.