Папската светска молитвена мрежа објави кратко видео во кое папата Лав XIV лично ја претставува својата молитвена накана за август 2025 година.
„Да се молиме општествата на кои им е тешко да живеат заедно да не подлегнат на искушението за конфронтација од етнички, политички, верски или идеолошки причини“, повика Светиот Отец.
Видеопораката содржи снимки од последици од конфликти и нееднаквост во различни делови од светот: бегалци, разрушени градови, луѓе обезличени од болката заради загубата на најблиските, сиромашни населби меѓу модерни облакодери, судири засновани на расна и општествена основа. На таква позадина се прикажани луѓе кои се во молитва и кои ги рушат ѕидовите на рамнодушноста, стравот и отуѓеноста, градејќи иднина исполнета со светлина и братство.
Во позадина на овие кадри одекнуваат зборовите од молитвата на Папата.
Ватикан њуз/к.мк