Одбележувајќи ја 10-годишнината од „Laudato si’“, папата Лав XIV испрати видеопорака до Мрежата на универзитети за грижа за нашиот заеднички дом и ги охрабри нивните синодални размислувања пред COP30.
Во пресрет на десетгодишнината од енцикликата „Laudato si’“ на папата Фрањо, папата Лав XIV испрати видеопорака до Мрежата на универзитети за грижа за нашиот заеднички дом, кои дебатираат на Папскиот католички универзитет во Рио де Жанеиро.
Обраќајќи се на собирот на ректорите, Светиот Отец го изрази своето задоволство од посветеноста на Мрежата „да се вклучи во синодалното расудување за подготовките за COP30“. Тој ги поздрави напорите на универзитетите да размислуваат за „можно помирување помеѓу јавниот долг и еколошкиот долг“ — тема која неодамна беше истакната во пораката по повод Светскиот ден на мирот.
„Оваа јубилејна година“, додаде Папата, „е година на надеж“, охрабрувајќи ги младите да ги продолжат своите заложби токму со таа надеж.
Обраќајќи им се директно на ректорите на универзитетите, папата Лав XIV рече: „На вас, универзитетските ректори, сакам да ви упатам охрабрување за посланието кое го прифативте: да бидете градители на мостови за интеграција меѓу Америка и Иберискиот Полуостров, работејќи во служба на еколошката и социјалната правда.“
Благодарност и благослов
На крајот од пораката, папата Лав изрази благодарност до сите присутни за нивната посветеност и служење, велејќи: „Ви благодарам за сите ваши напори и за сè што правите.“
На крајот, ги охрабри да продолжат напред „градејќи мостови“.
Ватикан њуз/к.мк