Папата Лав XIV апелира за мир во деловите од светот погодени од војна, молејќи се за луѓето што страдаат поради војната, особено во Газа, Мјанмар и Украина.
На крајот од светата Литургија за инаугурација на неговиот понтификат во недела 18 мај 2025 година, папата Лав XIV ја молеше молитвата Царице небесна и апелираше за луѓето што страдаат поради војната.
Тој им се заблагодари на 200.000 луѓе и бројни делегации кои присуствуваа на Евхаристијата, изразувајќи благодарност до претставниците на народите, црквите и различните религии.
„Во радоста на верата и заедништвото, не можеме да ги заборавиме нашите браќа и сестри кои страдаат поради војната“, рече папата Лав.
Тој потсети дека „преживеаните деца, семејства и стари лица“ во Газа се доведени до глад, додека војната меѓу Израел и Хамас продолжува.
Во Мјанмар, истакна Папата, „новите непријателства ги скратија невини млади животи“.
И, со болка рече дека, „маченичка Украина чека преговори за праведен и траен мир“.
Веднаш по светата Литургија, папата Лав XIV се сретна приватно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој присуствуваше на со својата сопруга на светата Литургија за инаугурација.
Во своето обраќање за време на молитвата Царице небесна, Папата рече дека „силно го чувствува духовното присуство на папата Фрањо кој нè придружува од небото“.
Означувајќи го официјалниот почеток на неговата Петровска служба, папата Лав XIV ги покани католиците во молитвите неговата служба да ја доверат на Пресвета Дева Марија, под нејзините титули „Ѕвезда на морето и Мајка на добриот совет“.
„Да молиме за нејзино застапништво“, заврши тој, „за дарот на мирот, за поддршка и утеха за оние што страдаат и за благодатта за сите нас да бидеме сведоци на Воскреснатиот Господ“.
Ватикан њуз/к.мк