Во Година на верата 8,5 милиони поклоници во Ватикан

Повеќе од 8,5 милиони католици од целиот свет го посетија Рим како поклоници по повод Година на верата, објавено е од Папскиот совет за Нова евангелизација.

Година на верата, чија цел беше да се продлабочи и да се прошири познавањето за верата, ја отвори на 11 октомври 2012 година папата Бенедикт XVI, а ќе заврши на 24 номери со литургиско славење на плоштадот свети Петар, кое ќе го предводи папата Фрањо.

По Годината на свети Павле (2008/2009), Година на свештенството (2009/2010) ова е трета таква иницијатива во понтификатот на папата Бенедикт XVI. Година на верата прв прогласи папата Павле VI во 1967 година, по повод 1900 години од мачеништвото на свети Петар и Павле.

Година на верата е отворена на 50 годишнината од почетокот на вториот ватикански собор (11 октомври1962). На овој начин е истакната големата важност на тој собир на епископите за Црквата денес. Годината на верата се поклопува исто така и со Епископската синода за Нова евнагелизација, кој а се одржа од 7-28 октомври минатата година во Ватикан.

За време на Година на верата во Рим се одржани различни собири. Во епархиите и парохиите Година на верата е пропратена со различни иницијативи, а во фокусот секогаш беше интензивното проучување на Катехизмот на Католичката Црква.

Година на вера ќе ја затвори папата Фрањо на празникот Христос Цар, во недела 24 ноември, со свечено литургиско славење на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот