Од печат излезе книгата со трудови „100 години македонски деканат Свети Кирил и Методиј 1924-2024“

Деновиве од печат излезе книгата „100 години македонски деканат Свети Кирил и Методиј, 1924-2024“, трудови од свечената академија по повод јубилејот на Деканатот одржана на 5 октомври 2024 година. Книгата е уредена од протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот Свети Кирил и Методиј, диркетор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци.
Во збирката трудови свој текст има епископот Стојанов, на тема: „Католичката црква од византиски обред во Македонија“. Крижевскиот епископ монсињор Милан Стипиќ, пишува на тема: „Крижевската епархија и Македонците католици од византиски обред во 20 век“. Темата „Значењето на парохијата Радово за Католичката црква во Македонија“,ја обработи отец Оливер Тантушев, парох при католичката парохија во Охрид. За четвртата тема како автор се јавува уредникот на збирката трудови, актуелниот декан отец д-р Зоран И. Стојанов со наслов: „Деканатот свети Кирил и Методиј низ годините“.
Покрај деканите, кои делувале во Деканатот во публикацијата се опфатени и парохиите во Струмичко-скопската епархија и националното светилиште Паљурци. На повеќе страници во книгата се сместени фотографии од настанот „100 години Деканат свети Кирил и Методиј“.
Каталогизацијата во публикација е Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Книгата може да се набави во сите католички цркви во Македонија.
Централната прослава на јубилејот „100 години македонски деканат Свети Кирил и Методиј, 1924-2024“ се одржа од 4 до 6 октомври 2024 година и тоа на три локации: Паљурци каде се наоѓа националното светилиште „Мајка Божја Утешителка (Паљурска)“ и црквата во градба „Свети апостол Павле“; Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“, во Струмица каде се одржа свечената академија во чест на Стогодишнината и во Радово во црквата „Свети пророк Илија“, каде се служеше архиерејската литургија.
Убавината на заедништво во Христа покрај погоре спомнатите архиереи монсињор д-р Киро Стојанов и монсињор Милан Стипиќ, ја зголемија и монсињор д-р Георги Џуџар, епископ на епархијата Свети Никола од Руски Крстур – Србија, монсињор Петко Валов, епископ на епархијата Свети Иван XXIII од Софија – Бугарија, отец Саболсц Пап, од Ениџе-Вардар кој присуствуваше во името на епископт Емануил Нин од Атина – Грција. Свештеници од Македонија и Хрватска, чесните сестри Евхаристинки, претставници на Црковните движења, верници од сите парохии и претставници на локалните власти.
к.мк