Папата: Болката и тагата го отвораат патот кон надежта

Папата: Болката и тагата го отвораат патот кон надежта

Папата Фрањо на 30 јануари 2025 година во аудиенција ги прими епископите, богословите и воспитувачите од црковната провинција Валенсија и ги потсети на човечката кревкост, како и на неопходноста од пасторална блискост со најранливите.

„Господ стана кал во вас“, го започна својот говор папата Фрањо обраќајќи им се на епископите, богословите и воспитувачите на црковната провинција Валенсија и потсетувајќи на неодамнешните трагични настани предизвикани од феноменот Дана што ја погоди провинцијата Валенсија на крајот на октомври минатата година и одзеде повеќе од 200 животи.

Сочувствувајќи се со нив, Папата истакна дека овој немил настан, сепак, во себе носи содржина на надеж, бидејќи ја разбуди блискоста и помошта на луѓето кои станаа допир на „Божјата нежност“.

Болката и тагата, и покрај нивната суровост, ја отвораат надеж и нè принудуваат да го допреме дното и зад себе да оставиме сè што ни изгледало поддршка, овозможувајќи ни да продолжиме понатаму. Тоа не е нешто што можеме сами да го направиме, туку неизмерната темнина што ја доживеавте и ја искусувате. И мислам на несебичната помош на многубројните луѓе, на погледите полни со посветени луѓе, кои знаеја да просветлат со Божјата нежност.

Присуството на Спасителот

Свесен дека феноменот Дана што ги предизвика поплавите не е изолиран случај на човечко страдање во историјата на спасението, Папата, цитирајќи го текстот на пророкот Исаија, ги поттикна насобраните да бидат присуство на Спасителот и со применото помазание да ги исцелат скршените срца, да ги развеселат ожалостените и ја објават годината на милоста Господова.

Дана не е нетипичен феномен за кој едноставно се надеваме дека нема да се повтори; тоа е севкупноста на она што секое човечко суштество го доживува кога се соочува со загуба и чувство на осаменост, дезориентираност и потреба од поддршка за да продолжи понатаму.

Исус е нашата надеж

На крајот, Светиот Отец ја актуелезираше споменатата тема со времетраењето на Јубилејната година и ги покани присутните да станат свесни за темелот на христијанската надеж, односно личноста на Исус Христос и пораката што Тој ја носи во себе со сопственото постоење и планот за спасение.

Еднаш реков дека „надеж“ не е „оптимизам“, „оптимизам“ е лесен термин. Надежта е нешто друго. Не можеме лесно да го земеме страдањето на луѓето и да се обидеме да ги утешуваме со фрази на околности и милосрдие. Нашата надеж има име – Исус. Дека Господ не чувствуваше гадење од нашата кал и наместо да не спаси од калта, тој стана кал за нас.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот