„Го носам твоето име во светата ноќ во Витлеем“ е мотото на божиќната акција што и оваа година германските бенедиктинци ја спроведуваат во опатијата Дормитио на гората Сион во Ерусалим во Светата Земја, шеснаесетта година во ред.
Преку порталот www.dormitio.net/weihnachtsaktion, е-пошта weihnachtsaktion@dormitio.net најдоцна до недела, 22 декември 2024 година, може да го пријавите вашето име и презиме, а на Божиќ ќе биде положено на сребрената ѕвезда која се наоѓа на местото на раѓањето на Исус во истоимената базилика во Витлеем.
Пријавувањето и учеството е бесплатно и без никакви обврски, но секој што сака може да уплати доброволен прилог за оваа опатија и социјалните проекти во Светата Земја.
Германските бенедиктинци и уште стотина верници по полноќната света Литургија и ноќното молитвено бдение ќе постават список со имиња на местото на раѓањето на Исус и ќе се молат за сите нив. После тоа, ќе молат Утрена на местото на раѓањето на Исус. Од Ерусалим ќе појдат во 02:00 часот и ќе пристигнат околу 04:30 часот во Витлеем, кој е оддалечен околу 10 километри. „Списокот од година во година е се подолг и потежок за носење“, велат германските бенедиктинци.
Повеќе информации можете да најдете на порталот на опатијата http://www.dormitio.net/weihnachtsaktion или на Фејсбук страницата „Dormition Abbey Jerusalem“. Лани (2023) биле регистрирани 123.333 имиња.
Ика/к.мк