Папата до новите кардинали: Не попуштајте на ерозивната конкуренција, туку градете единство

Папата до новите кардинали: Не попуштајте на ерозивната конкуренција, туку градете единство

На 7 декември 2024 година, папата Фрањо претседаваше со конзисториумот во базиликата Свети Петар, при што постави 21 нови кардинали во Кардиналскиот колегиум. Ги повика да не дозволат да бидат заслепени од привлечноста на престижот, заводливоста на моќта и изгледот, туку да го насочуваат својот живот на вистинскиот и единствен стожер кој е Исус. Нивната служба, истакна Папата, секогаш треба да биде поттикната од авантурата на патувањето, радоста од запознавање со другите, грижа за најслабите

Папата Фрањо за време на десеттиот конзисториум во неговиот понтификат, попладнево во базиликата Свети Петар, во присуство на 5.500 верници, вброи 21 нов кардинал во Кардиналскиот колегиум. Од самиот почеток на церемонијата се повторуваше зборот „единство“. Тоа се слушна и во проповедта на Папата, како и во воведните зборови кои ги упати најстариот кардинал, поранешен апостолски нунциј 99-годишниот Анџело Ачерби, кој потсети на потребата да одиме заедно, што беше изразено за време на неодамнешната Синода.

Не дозволувајте привлечноста на престижот да ве заслепи

Светиот Отец во својата проповед коментираше дел од 10. поглавие од Евангелието според Марко, односно односот на учениците кои не се имуни на неуспех, кревкост, дезориентираност, неверување, недоразбирања. Имено, додека Исус чекори по нагорнината по макотрпниот пат кој го води до Голгота – истакна Папата – тие размислуваат за рамниот пат на Месијата победник. Не треба да се срамиме од ова, туку понизно да станеме свесни за тоа – рече Папата и објасни:

„Тоа може да ни се случи и нам: нашето срце да се изгуби, дозволувајќи да биде заслепено од привлечноста на престижот, заводливоста на моќта, премногу човечки ентузијазам за нашиот Господ. Затоа е важно да погледнете во себе, да застанете понизно пред Бога и искрено пред себе да се запрашате: каде оди моето срце? Во која насока се движи? Можеби одам на погрешен пат?“

Врати се во срцето

Тоа е „враќање во срцето“ кое го препорачува свети Августин, кого Папата го цитираше. Тоа е враќање на она што е суштинско, длабоко, навистина неопходно. Затоа што често се случува плановите да се збркаат, земајќи го за важно, она што не е. Поддршката, гравитацискиот центар на кој треба да му се довери животот мора да биде Христос – истакна Папата и додаде:

Денес, особено на вас, драги браќа кои станувате кардинали, сакам да ви кажам: внимавајте, следете го Исусовиот пат. Што значи тоа? Да се ​​оди по патот на Исус значи, пред сè, да се вратиме кај Него и повторно да го ставиме во центарот на сè. Во духовниот живот, како и во пасторалниот живот, понекогаш постои опасност да се фокусираме на споредните нешта, заборавајќи ги најважните.

Да се оди по улиците, на средба со другите

Да се ​​следи патот на Исус значи и да се негува занесот за средба. Исус дојде да ги исцели човечките рани, да го олесни товарот на срцето, да ги отстрани камењата на гревот и да ги скрши оковите на ропството. Кардиналат – истакна римскиот бискуп – не е изолација, туку постојано потопување во животите на луѓето, во нивните напори и рани, во нивните разочарувања. Дон Примо Мацолари, кого Папата го спомена нарекувајќи го „великан на италијанското свештенство“, зборуваше за потребата да се шета по улиците, да се дејствува слободно. Ова е неопходно и денес – рече Папата и истакна:

„Авантурата на патувањето, радоста од запознавањето со другите, грижата за најслабите: ова треба да ја поттикнува вашата служба како кардинал.“

Да бараме единство, а не први места

Во групата ученици црвот на натпреварување го уништува единството – забележа потоа папата Фрањо. Кардиналите се повикани да не паднат во такво искушение, туку да ги урнат ѕидовите на непријателството, поттикнати од ревноста во потрагата по единството, толку драги на свети Павле VI. Тоа е духот кој ја прави разликата во светот одбележан со „нагризувачка конкуренција“, во општество во кое доминира опседнатоста со изгледот и потрагата по први места.

Затоа, ставајќи го својот поглед кон вас кои потекнувате од различни истории и култури и го претставувате католицитетот на Црквата, Господ ве повикува да бидете сведоци на братство, уметници на заедништвото и градители на единството. Тоа е вашата мисија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот