Апел на Папата за климатската конференција COP29: Да го дадеме нашиот придонес за заштита на нашиот заеднички дом
Со оглед на самитот што ќе започне во понеделник на 11 ноември во Баку, Азербејџан, папата Фрањо потсети на трите години кои поминаа од започнувањето на платформата Laudato si и го спомена населението на островот Флорис во Индонезија, погодено од ерупцијата. на вулканот Левотоби Лаки-Лаки. Го повтори апелот за Валенсија и другите области на Шпанија кои се справуваат со последиците од поплавите во изминатите недели
Се надевам дека Конференцијата за климатски промени COP29, која ќе започне во понеделник во Баку, ќе даде ефикасен принос за заштитата на нашиот заеднички дом.
Во неделата, 10 ноември 2024 година, во неговото пладневно обраќање по молитвата Ангел Господов папата Фрањо го спомна самитот на Обединетите нации, поврзувајќи го со трите години што поминаа од започнувањето на платформата Laudato si, односно заеднички простор каде што Црквата ги разгледува одговорите на еколошката криза по објавувањето на истоимената енциклика на папата Фрањо, кој денеска посебно им се заблагодари на сите кои работат во прилог на оваа иницијатива.
Посебни мисли посветени на Индонезија
Светиот Отец потоа ја изрази својата близина со населението на островот Флорес, во Индонезија, каде од минатата недела еруптира вулканот Левотоби Лаки-Лаки. Тој рече дека се моли за жртвите, нивните семејства и сите евакуирани. Меѓу загинатите, од кои има најмалку десет, е и една монахиња: сестра Николин Паџо, мисионерка од Конгрегацијата слугинки на Светиот Дух, која живеела во манастирот Свети Гавриил.
„Дали се молевте за Валенсија?
Ќе ве прашам нешто: дали се молевте за Валенсија? Дали размислувавте да направите донација за да им помогнете на овие луѓе? Тоа е само прашање.
Со овие зборови на верниците собрани на плоштадот Свети Петар им се обрати папата Фрањо за време на своето пладневна обраќање, осврнувајќи се на апелот што го упати за населението на Шпанија, погодено од поплавите, по молитвата Ангел Господов минатата недела, на 3 ноември. Што правам за луѓето од Валенсија? Молам? Давам нешто? Размислете за тоа прашање – рече Папата и повторно ги спомна сите кои се соочуваат со последиците од обилните дождови од изминатите недели.
Благодарност на земјоделскиот свет
По повод Денот на благодарноста што Црквата во Италија го празнува денеска, 10 ноември, Папата изрази благодарност до земјоделскиот сектор, охрабрувајќи ги земјоделците да ја обработуваат земјата за да ја зачуваат нејзината плодност за идните генерации.
Ватикан њуз/к.мк