Папата го прими патријархот на Асирската црква на Истокот

Папата го прими патријархот на Асирската црква на Истокот

„Желбата за единство“ во верата и меѓу народите беше заедничката нишка на аудиенцијата во саботата на 9 ноември 2024 година, на која папата Фрањо ја прими Неговата Светост Мар Ава III, католичкиот патријарх на Асирската црква на Истокот, и делегацијата на Мешовитата комисија за теолошки дијалог меѓу Асирската и Католичката црква.

Во својот говор, Папата упати посебна мисла до христијаните од Блискиот Исток, со надеж дека тие „секогаш можат да сведочат за воскреснатиот Христос во земјите кои се измачувани од војна“. Во исто време, тој потсети на важноста на теолошкиот дијалог, кој е дефиниран како „неизбежен на патот кон единството, бидејќи единството по кое копнееме е единство во верата, под услов дијалогот на вистината никогаш да не се одвои од дијалогот на љубовта и од дијалогот на животот“.

Во таа прилика се прослави и 30-годишнината од заедничката „Христолошка декларација“ меѓу двете Цркви – документ со кој се стави крај на 1500 години христолошките спорови кои датираа од соборот во Ефес во 431 година – и 40-годишнината од првата посета на црквата во Рим од патријархот Мар Динх IV.

Во таа прилика Светиот Отец најави и дека Свети Исак Ниневијански – познат и како Исак Сириец – ќе биде вклучен во Римската мартирологија. Тој бил монах кој живеел во седмиот век и е меѓу „најпочитуваните отци на сириско-источната традиција, а исто така е признат како учител и светец на сите традиции“, рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот