Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за октомври 2024 е посветена на синодата
Овој октомври е завршниот дел од патувањето кое Црквата го започна во 2021 година, кога папата Фрањо ги повика верниците од целиот свет да земат учество во Синодата и размислувањата на тема: Заедништво, учество и послание“ во контекст на животот на Црквата.
Со нашето учество и одговорите на прашалниците веќе го дадовме својот придонес во ова синодално патување. Но тука не завршува нашето послание, туку започнува. И ние сме повикани активно да продолжиме да учествуваме во Синодата, на начин на кој Папата Фрањо често нѐ повикува: да молиме за него, а во контекст на Синодата да молиме и за сите членови на синодалното собрание, а молитвата е највозвишеното ниво на учество.
Затоа сакам да ве повикам во овој месец да молиме Светиот Дух да ги води учесниците на синодалното собрание во расудувањето за она што Господ денес го бара од својата Црква.
к.мк