Епископот Стојанов во Орадеа учествува на состанок на католичките бискупи од источен обред во Европа

Епископот Стојанов во Орадеа учествува на состанок на католичките бискупи од источен обред во Европа

Состанокот на католичките бискупи од источнен обред во Европа започна во понеделник, на 16 септември 2024 година, во Орадеа, Романија, со учество на епископи од Источно католичките цркви и под покровителство на Советот на бискупските конференции на Европа (CCEE).

Шеесетина епископи, меѓу кои и Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх, учествуваат на 25-от состанок на католичките епископи од источен обред во Европа, кој ќе заврши на 19 септември. Предвидени се серија конференции и работни сесии за синодалноста, братството и хуманоста во односите меѓу епископите и свештениците.

Во контекст во кој христијанскиот свет „постојано се обидува да ја одржи жива пораката на Евангелието во сè посекуларизирано општество кое е во искушение да се откаже од своите корени и христијански вредности, оваа средба има историско значење“, посочи Ципријан-Василе Олиници, државен секретар за вера во Владата на Романија, зборувајќи за важноста на оваа средба.

Олиници потсети дека средбата во Орадеа се одржува пет години по беатификацијата во Блај на 2 јуни 2019 година, која го предводеше папата Фрањо, на седум источно католички епископи маченици од комунистичката ера: Валериу Трајан Френциу, Василе Афтение, Јоан Сучиу, Тито Ливиу Чинезу, Јоан Балан, Александар Русу и Јулио Хос. „Тогаш, како и сега, епископите маченици ја истакнаа важноста на заедништвото и солидарноста во Христа Господа, како и потребата да се промовираат автентични модели за исповедување на верата. Токму во оваа светлина треба да се разбере општата тема на оваа 25-та средба, „Односот меѓу епископите и свештениците“. Братство и хуманост“.

Состанокот беше отворен со поздравен говор на Виргил Берчеа, епископ на епархијата на Романската источно-католичка црква Орадеа Маре. И тој, откако ги истакна квалитетите на градот домаќин, „мултиетнички, мултиконфесионален и мултикултурен“, потсети на петгодишнината од беатификацијата на седумте романски источно католички епископи, „светци на занданите, извори од кои се црпи љубов кон овие местата и сила да се оди напред“. Префектот на Дикастеријата за источните цркви, кардинал Клаудио Гуџероти, додаде дека овие состаноци „имаат многу големо историско значење бидејќи започнале во време кога имало голема дезориентација и нашите Цркви сè уште ги чувствуваат отворените рани на многуте прогонства и недоразбирања поради желбата верските вредности да се остават настрана, што за жал ги ослабуваше и сè уште ги ослабува луѓето. Затоа, сакам да мислам дека сето ова присуство не е украсно, туку душа на секој развој, бидејќи без вредности народот умира“, заклучи кардиналот.

Исто така порака упати и кардинал Лусијан Мурешан, големиот архиепископ на Источно католичката црква во Романија.

Претседателот на Советот на бискупските конференции на Европа, монс. Гинтарас Грушас во својот говор ја истакна темата на состанокот „две недели пред почетокот на второто заседание на Синодата за синодалност, што ќе се одржи од 2 до 27 октомври во Ватикан“ и ја спомена актуелната војна во Украина и последователната бегалска криза, но сите тие се „постојано пред нас и во нашите молитви“. Ова носи „понатамошни предизвици во односот меѓу епископите и неговите свештеници, особено во дијаспората: Се молам овие дискусии да го зајакнат разбирањето на овој посебен однос и длабокото влијание што го има врз обновувањето на Црквата“. Потоа говореше православниот епископ од Орадеја, Софроније Дринчец, кој им се заблагодари на сите кои „верно се трудат да ја зачуваат богатата традиција на христијанскиот исток, комплицирана цел во сè посекуларизираниот свет. Чувајќи го свето она што го наследивме, надежта за светла иднина во Божјите прегратки ќе трае“.

Ика/к.мк

фото: Еуген Ивут

Категорија: Вести, Македонија

За авторот