Папата: Источен Тимор, пример за борба против омразата преку помирување

Папата: Источен Тимор, пример за борба против омразата преку помирување

Во говорот пред властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор на Источен Тимор, папата Фрањо го изрази своето задоволство од ставот што доведе до мир со Индонезија по неколкудеценискиот крвав конфликт, затворајќи ги раните и прочистувајќи ги сеќавањата. Тој се осврна и на темата за злоупотреба на децата и поттикна на одговорно делување за спречување на тоа зло.

Пристигнувајќи таму каде што – како што рече – Азија и Океанија се допираат и, во одредена смисла, ја среќаваат Европа, во земја украсена со планини, шуми и рамнини, опкружена со прекрасно море, папата Фрањо беше пречекан во претседателската палата во Дили, престолнината на Источен Тимор, го пречека претседателот, еден од творците на независноста и добитник на Нобеловата награда за мир во 1996 година, Хозе Мануел Рамос-Хорта.

Прием во претседателската палата

Уписот во Книгата на честа и приватната средба со претседателот претходеа на неговото пристигнување во белата сала во претседателската палата, каде Папата беше пречекан од околу 400 претставници на власта, општеството и дипломатскиот кор на Источен Тимор, на кои им се обрати потсетувајќина  историјата на таа земја. Од доаѓањето на првите мисионери доминиканци кои го донесоа католицизмот и португалскиот јазик – кој сè уште е официјален јазик заедно со тетум – до борбата за независност од Индонезија дефинитивно постигната во 2002 година, по независноста од Португалија во 1975 година.

Зора на мирот и слободата

Источен Тимор – потсети Папата – ги доживеа конфликтите и насилството што често се случуваат кога една нација станува целосно независна, а нејзиното барање за автономија е одбиено или оспорувано, но успеа повторно да се издигне, наоѓајќи го патот на мирот и отвореноста за одреден период на развој и валоризација на нејзините природни и човечки ресурси.

Му благодариме на Господа што, минувајќи низ еден ваков драматичен период од вашата историја, не ја изгубивте надежта и што по мрачните и тешките денови конечно осамна зората на мирот и слободата.

Вкоренетоста на католичката вера

Според Папата, голема помош во остварувањето на овие важни цели била вкоренетоста во католичката вера, која веќе ја истакнал свети Иван Павле II, за време на неговата посета во 1989 година, како и израз на тоа христијанство, родено во Азија преку европските мисионери, сведочејќи го својот сопствен универзален повик и способност на усогласување со најразновидните култури, кои, во средбата со Евангелието, наоѓаат нова, повисока и подлабока синтеза. Инкултурирањето на верата и евангелизацијата на културата, имено – додаде тој – се важна комбинација за христијанскиот живот. Пример за тоа е сликата поставена зад Светиот Отец во просторијата каде што се наоѓала Книгата на честа, во која се потпишал и папата Фрањо пред да ја напушти претседателската палата, а на која се прикажани првите мисионери од Португалија, првите мисионерски згради, сликата на папата Војтила и првиот кардинал од Источен Тимор. Евангелското учење и континуитетот во верата што доведе до целосно помирување со браќата во Индонезија – истакна Папата и додаде – е политика на подадена рака. (…)

Борба против иселувањето и управувањето со природните ресурси за јавно добро

Источен Тимор – истакна Папата – се соочуваше со моменти на големи неволји со трпелива одлучност и хероизам, а денес живее како мирна и демократска земја која работи на градење братско општество, развивајќи мирни односи со соседите во рамките на меѓународната заедница.

Но, не недостигаат предизвици: од изградба и консолидација на институциите и застапеноста, до иселување од земјата, што секогаш е показател за недоволна или несоодветна валоризација на ресурсите. Затоа – според папата Фрањо – потребна е опсежна заедничка акција која вклучува повеќе сили и различни граѓански, верски и општествени одговорности за борба против сиромаштијата присутна во многу рурални области. Подеднакво е многу важно адекватно да се подготви владејачката класа на иднината, особено во управувањето со природните ресурси на земјата, пред се резервите на нафта и гас, кои би можеле да обезбедат невидени можности за развој во исклучив интерес на општото добро.

Да се спречи општественото зло на злоупотребување

За разлика од Европа, 65% од населението на Источен Тимор е под 30 години. Папата затоа се осврна на општествените зла кои се голем проблем за тој дел од населението, како што е алкохолот.

Дајте им на младите идеали за да ги извадите од тие замки! Исто така феноменот на вмешаност во одредени банди кои познавајќи ги боречките вештини, наместо да ги користат во служба на беспомошните, ги искористуваат за да ја покажат минливата и штетната моќ на насилството. Насилството е секогаш проблем во селата. И да не заборавиме на многубројните деца и адолесцентите чие достоинство е нарушено: сите сме повикани да се однесуваме одговорно за да го спречиме ова општествено зло и да го гарантираме мирното воспитување на нашите деца. (…)

Ентузијазмот на младите и мудроста на постарите

Затоа, Светиот Отец ги охрабри да имаат доверба и да имаат поглед полн со надеж кон иднината, благодарение на мешавината на ентузијазмот на младите и мудроста на постарите, или – како што рече – провидоносната мешавина на знаење и великодушни поттици кон утрешниот и важен ресурс кој не дозволува ниту пасивност ниту песимизам.

Гледајќи го вашето неодамнешно минато и она што е постигнато досега, постои причина да бидете уверени дека и вашата нација ќе може да се соочи со денешните тешкотии и проблеми со разум, јасност и креативност. Верувајте во мудроста на народот. Народот има своја мудрост. Верувај на таа мудрост.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот