Бискупот Стојанов се помоли пред гробот на Свети Бонифациј

Бискупот Стојанов се помоли пред гробот на Свети Бонифациј

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во сабота претпладне 25 мај 2025 година во криптата на Катедралата „Христос Спасител“ во Фулда го посети гробот на Свети Бонифациј, апостол на германските народи. Епископот беше придружуван од отец Гоце и отец Маркус Блумел.

Таму епископот Стојанов се задржа во молитва, молејќи на Црквата во Македонија, за евангелизација и духовни звања, како и за потребите на Црквата Германија.

Свети Бонифациј е маченик на Црквата од 8 век, кој важи еден од најпознатите мисионери во Франкиското царство. Бил Бенедиктинец, мисионер, надбискуп, папски делегат за Германија, бискуп на Мајнц, како и основач и заштиник на повеќе манастири, меѓу кои и во Фулда. Во 755 година маченички е убиен во близина на Докум, Фризија/Холандија со уште 52 други негови прдидружници. Неговите мошти подоцна се пренесени во Фулда.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот