Во планираното обраќање до ѓаконите кои се подготвуваат за свештенство во Римската бискупија, папата Фрањо како клучни аспекти на свештеничката служба ги истакнува верната соработка, служењето на Божјиот народ и водството на Светиот Дух.
Во планираното обраќање до ѓаконите кои се подготвуваат за свештеничко ракополагање во Римската бискупија, папата Фрањо се осврна на три аспекти на свештеничката служба истакнати во обредот на ракополагање: верна соработка со епископот, служење на Божјиот народ и водство на Светиот Дух.
Иако закажаната средба беше одложена поради здравствената состојба на Папата, Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја објави изјавата на Светиот Отец во саботата на 24 февруари.
Верни соработници
Папата Фрањо најнапред потсети дека Црквата не бара од нив првенствено да бидат водачи, туку да бидат соработници со епископите. Свештениците, истакна тој, се повикани да бидат сведоци на „таинството на заедништвото“ која е Црквата, особено преку братството, верноста и послушноста.
Тој понатаму истакнува дека свештениците треба да бидат членови на хорот, „а не солисти“; браќа во презвитератот и свештеници за секого, не само за одредени групи.
Служење на Божјиот народ
Другиот вид на свештеничката служба, спомна Папата, е служење на Божјиот народ. Тој истакна дека свештенството е вкоренето во ѓаконството, кое не завршува по свештеничката ракополагање. Свештениците, рече римскиот епископ, се повикани да се соединат со Исус кој „не дојде да Му служи, туку да служи“.
Таа служба, продолжи тој, не може да биде апстрактна, туку треба да биде конкретна: „Да се служи значи да се биде достапен, да се откажеш од животот и сопствениот план, да се биде подготвен за Божјо изненадување… тоа е постојан став на прифаќање, сочувство и нежност“.
Упатството на Светиот Дух
На крајот, папата Фрањо инсистираше свештениците секогаш да му даваат „примат“ на Светиот Дух кој ќе слезе врз нив. „Ако тоа се случи“, истакна тој, „вашиот живот… ќе биде насочен кон Господ и од Господа, и навистина ќе бидете „луѓе Божји“.
Тоа доаѓа преку „секојдневното помазание“ од Исус „кога стоиме во Неговото присуство, кога Му се поклонуваме, кога сме блиски со Неговото Слово“. А тоа, рече Папата, „ни овозможува да се молиме пред Него за Божјиот свет народ, за човештвото, за луѓето што секојдневно ги среќаваме“.
Во подготвениот говор Светиот Отец завршува со благодарност до римските ѓакони за нивното „да“ на Бога и барајќи од нив секој ден да се молат за него.
Ваикан њуз/к.мк