На празникот Безгрешно зачнување, Папата ќе положи златна роза пред иконата на Богородица Salus Populi Romani
На чинот на чествување на статуата на Безгрешната на Шпанскиот плоштад во Рим, кој Папата ќе го предводи на 8 декември во 16.00 часот, половина час, ќе претходи помала свеченост во базиликата Света Марија Велика, каде папата Фрањо ќе положи златна роза на иконата на Пресвета Богородица Salus Populi Romani (Спас на римскиот народ).
Златната роза има древни корени, го симболизира папскиот благослов, а традицијата на оваа дарување датира од средниот век. Низ вековите се даруваше на манастири, светилишта, владетели и истакнати личности како признание за нивната посветеност за верата и општото добро.
Со дарувањето златна роза на иконата на Пресвета Богородица Salus Populi Romani, папата Фрањо, стои во изјавата од маријанската базилика, „укажува на духовната важност и длабокото значење што оваа икона го има во животот на Католичка црква, бидејќи ова е и најстарото богородично светилиште на запад посветено на Богородица“.
Розата што ќе ја подари Папата не е единствената златна роза на оваа позната икона. Првата ја подарил папата Јулиј III во 1551 година, кој бил длабоко посветен на маријанската икона чувана во таа базилика и каде на олтарот на Јаслите ја отслужил својата прва света Литургија. Во 1613 година, папата Павле V подари златна роза по повод пренесувањето на почитуваната икона во посебно изградена нова капела.
Во базиликата не се зачувани траги од споменатите две златни рози, кои биле подарени од двајцата Папи, а кои најверојатно биле изгубени за време на инвазијата на Наполеон на Папската држава (Договор од Толентино 1797). Затоа, по 400 години, стои во изјавата, „Папата одлучи да даде опиплив знак на својата посветеност на почитуваната икона, зацврстувајќи ја илјадагодишната врска меѓу Католичката црква и градот Рим“.
По најавата на оваа чествување на Блажена Дева Марија, вонредниот комесар за базиликата Света Марија Велика, Роландас Макрикас ја изрази својата радост со изјавата: „Подарокот на златната роза е историски гест што видливо ја изразува длабоката поврзаност на папата. Фрањо со Богородица, која во ова светилиште е почитувана со титулата Salus Populi Romani. Народот Божји ќе може уште повеќе да се зајакнува во својот духовен и побожен однос со Пресвета Богородица. Се молиме на Богородица Salus Populi Romani за дарот на мир за целиот свет“.
Ватикан њуз/к.мк