Бискупот Стојанов ја прими украинската амбасадорка во Македонија

Бискупот Стојанов ја прими украинската амбасадорка во Македонија

Скоспкиот бискуп и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов на 22 септември 2023 година, ја прими украинската амбасадорка во Македонија г-ѓа Лариса Дир придружувана од господин Володимир , секретар во украинската амбасадата.

Средбата се одржа во Резиденцијата на Водно во Скопје. Украинската амбасадорка изрази благодарност до бискупот Стојанов за блискоста и молитвената поддршка што верниците католици ја искажуваат до украинското население погодено од војната. Бискупот Стојанов вети дека и во иднина ќе продолжи молитвената подршка за напатениот украински народ.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот