Папата Фрањо повторно повика на молитва за жртвите од разорната експлозија во пристаништето Бејрут, Либан, неколку дена пред третата годишнина од катастрофата. Папата моли нацијата да ја надмине сегашната криза
Говорејќи на крајот од неделната молитва Ангел Господов,30 јули 2023 година, папата Фрањо ги обнови своите молитви за народот на Либан кој сè уште се опоравува од разорната експлозија во пристаништето Бејрут што се случи пред речиси три години на 4 август 2020 година.
„Во петок, на 4 август, ќе се навршат три години од разорната експлозија во пристаништето Бејрут. Ги обновувам моите молитви за жртвите и нивните семејства, кои бараат вистина и правда и се надевам дека ќе се најде решение за сложената криза во Либан достојно за историјата и вредностите на тој народ. Да не заборавиме дека Либан е порака сам по себе“.
Оваа недела се одбележуваат три години од разорната експлозија што го зафати либанскиот главен град Бејрут, оставајќи зад себе трага на уништување.
Во следните денови во Либан ќе се одржат неколку комеморации во чест на 218-те лица кои ги загубија животите во катастрофата.
Експлозијата на 4 август 2020 година беше предизвикана од речиси 3.000 тони амониум нитрат кој се запали и навлезе во бејрутското пристаниште.
Хемикалијата што ја предизвика експлозијата се користела за ѓубрива и била складирана со години без никакви безбедносни мерки на претпазливост.
По повеќегодишни проценки, се верува дека експлозијата предизвикала штета од 15 милијарди долари, при што 5.000 луѓе се повредени, а 300.000 останале без покрив над главата.
Експлозијата била толку силна што била еднаква на локален земјотрес со јачина од 4,5 степени и јасно се слушнала низ Медитеранот и на островот Кипар, оддалечен повеќе од 100 километри.
Дури и пред инцидентот, Либан се бореше со длабока економска криза, рекордно висока стапка на невработеност, како и со пандемијата Коивд -19.
Ватикан њузка/к.мк