Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за месец март 2023 година е посветена за болните, посебно фокусирајќи на оние кои боледуваат од канцер и други тешки и неизлечиви болести, а гласи:
Да го молиме Семоќниот Бог за болните,
посебно за оние кои боледуваат од тешки и неизлечиви болести,
луѓето кои поминуваат низ тежок период од животот.
Господ Бог нека им даде храброст и сила,
трпение и разбирање,
за да не паднат во очај.
Молиме за нивно телесно и духовно оздравување.
И покрај болките и неволјите
нека продолжат да гледаат
на животот со надеж
на подобро утре
и свесност дека Бог е во нивните страдања.
к.мк