Папата фрањо се сретна во Киншаса со преживеаните од источниот дел на Демократска Република Конго разурната од војната и откако ги слушна нивните ужасни сведоштва уште еднаш го осуди насилство.
Преживеаните од актуелниот конфликт во источниот дел на Демократска Република Конго на вториот ден од Апостолската посета на папата Фрањо на ДР Конго, 1 февруари 2023 година, ги споделија своите искуства од бруталното насилство, вклучувајќи масовни убиства и осакатувања, киднапирања и изгубени роднини, сериско силување и сексуално ропство и раселени луѓе кои живеат во преполни и нехигиенски бегалски кампови.
Но, среде ужасите на војната и природните катастрофи, оние кои учествуваа на средбата со папата Фрањо исто така зборуваа за простување и надеж, при што еден преживеан изрази надеж во име на сите: „Сакаме да го оставиме зад себе ова темно минато за да можеме да изградиме убава иднина“.
Во своите изјави, Светиот Отец рече: „Уште сме шокирани кога слушаме за нечовечкото насилство што го видовте со ваши очи и лично го доживеавте. Останавме без зборови. Можеме само во тишина да плачеме “.
Папата Фрањо првично имаше намера да го посети источниот дел на земјата, но актуелните безбедносни прашања го оневозможија таквото патување. Наместо тоа, Папата им порача на луѓето од регионот: „Блиску сум со вас: вашите солзи се мои солзи; вашата болка е моја болка“, додавајќи: „На секое семејство кое тагува или е раселено поради Сакам уништувањата на сеата и други воени злосторства, на преживеаните од сексуалното насилство и на секое повредено дете и возрасен, му велам: Со тебе сум; да ти го донесам Божјото милување“.
Светиот Отец повторно ги осуди „во името на Бога“ вооруженото насилство, масакрите, силувањата, уништувањето и окупацијата на селата, грабежот на полињата и стоката… како и убиствената, незаконска експлоатација на богатството на земјата и обидите да се распарчи земјата со цел да се контролира“.
Светиот Отец го заврши своето обраќање истакнувајќи ја уште еднаш својата близина со луѓето од Истокот, благословувајќи ги сите. „Исус, нашиот Исус, нашиот брат, Бог на помирувањето кој засади со Крстот живот во срцето на темнината на гревот и страдањето, Бог на надежта кој верува во вас, во вашата земја и вашата иднина, нека ве благослови и нека ве утеши“. „Нека го излее својот мир во вашите срца, вашите семејства и врз целата Демократска Република Конго“.
Ватикан њуз/к.мк