„Духовна придружба“ е насловот на катехезата со која завршува серијата посветена на темата расудување. Папата Фрањо истакна дека е важно да не чекориме сами во христијанскиот живот и да споделуваме со некој тоа што сме, а не да ги сопствените ограничувања.
Во катехезата што ја одржа во среда 4 јануари 2023 година на Генералната аудиенција, последна посветена на темата за расудување, папата Фрањо зборуваше за духовната придружба, кое може и треба да го поддржи нашето расудување.
Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја. Се заколнав и реков да ги пазам Твоите праведни судови, и ќе ги исполнувам.
Не плашете се да ја споделите сопствената кревкост
На почетокот Папата истакна дека духовната придружба е важна пред сѐ за спознавање на себеси, што е неопходен услов за расудување. Гледањето во огледало, сам, не секогаш помага – додаде Папата – затоа што другите ни ја кажуваат вистината што можеби не ја гледаме. Важно е, пред сè, да се запознаеме себеси, дури и во сопствените слабости.
Кревкоста е, всушност, наше вистинско богатство; сите ние сме богати со кревкост, вистинско богатство кое мора да научиме да го почитуваме и прифаќаме, бидејќи, кога ќе му се принесе на Бога, тоа нè прави способни за нежност, милост и љубов. Тешко на луѓето кои не се чувствуваат слаби: строги се, се однесуваат диктаторски. Напротив, луѓето кои понизно ги признаваат своите слабости имаат повеќе разбирање за другите. Кревкоста – можам да кажам – нè прави луѓе. Не случајно првиот од трите напади на Исус во пустината – оној поврзан со гладта – се обидува да нè лиши од нашата кревкост, прикажувајќи ни го како зло од кое мораме да се ослободиме, пречка да бидеме како Бог. Тоа, напротив, е нашето најскапоцено богатство: имено, Бог, за да нè направи слични на себе, сакаше целосно да ја сподели нашата кревкост.
Исусовите ослободителни говори
Помошта дадена од духовната придружба – истакна римскиот бискуп – е можност да се разоткријат нејаснотии, дури и сериозни, во нашето размислување за себе и во нашиот однос со Господ. Во исто време, потсети дека многу примери дава Евангелието за Исусовите разговори кои стануваат искуство на ослободување и спасение за другите, како во случајот со Самарјанката, Закхеј, жената грешничка, Никодим и учениците од Емаус.
Раскажувањето на другите што сме ги доживеале или за што сме во потрага ни помага да разјасниме во себе, со што ќе ги извадиме на виделина многуте мисли кои се во нас, а кои често не вознемируваат со нивните упорни повторувања. Колку пати во мрачните моменти имаме вакви мисли: „Сè направив погрешно, јас сум целосно безвреден, никој не ме разбира, никогаш нема да успеам, осуден сум на неуспех“, колку пати сме размислувале така. Тоа се лажни и отровни мисли, при што средбата со други ни помага да се разоткријат, за да можеме да се чувствуваме сакани и ценети од Господ такви какви што сме, способни да правиме добри дела за него.
Одиме напред
Папата Фрањо потоа истакна дека оној што придружува не го заменува Господ, ниту ја врши целата работа наместо личноста што ја придружува, туку оди покрај него, поттикнувајќи го да го протолкува она што е во неговото срце. Меѓутоа, придружбата донесува плод ако живееме духовно синовство и духовно братство, ако не сме сами, туку вклучени во заедницата.
Не сме сами, ние сме луѓе од народ, нацијата, градот во движење, црквата, парохијата и групата… заедница во движење. Кај Господ сам не се оди; тоа не е добро. Тоа треба добро да го разбереме. Како и во евангелиската приказна за фатениот човек, често сме поддржани и исцелени благодарение на верата на некој друг кој ни помага да продолжиме напред (…) друг пат пак ние сме тие што ја преземаме оваа обврска во однос на братот или сестрата, а со тоа и ние сме придружници за да му помогнеме на другиот. Без искуство на синовство и братство, придружбата може да предизвика нереални очекувања, недоразбирања, форми на зависност кои го оставаат човекот во незрела состојба. Не; придружба, но како деца Божји и браќа со нас.
Примерот на Марија
Учителка на расудувањето е Дева Марија – забележа Папата. Марија зборува малку, слуша многу и го пази во срцето. Таа секогаш се повикува на Исус, а нејзините зборови: „Сè што ќе ви рече, направете!” се упатства за сите христијани.
Да го правиме она што ни го зборува Исус. Таква е Богородица. Марија знае дека Господ зборува со сечие срце и бара тоа слово да се преточи во дела и одлуки. Таа знаеше да го прави тоа повеќе од кој било друг и, навистина, таа е присутна во главните моменти од животот на Исус, посебно во најголемиот час на неговата смрт на крстот.
Господовиот глас ни вели: Не бојте се!
Своето размислување, папата Фрањо го заврши со укажување дека расудувањето е вештина што може да се научи за да растеме духовно, но пред сè, тоа е дар од Бога за кој секогаш мораме да молиме. Господи, дај ми ја благодатта на расудување во моментите на животот, што треба да правам, што треба да знам. Дај ми ја благодатта на расудување и дај ми човек која ќе ми помогне да распознавам. Господ нѐ охрабрува и поддржува – истакна Папата и додаде: Колку пати во Евангелието ги читаме Исусовите зборови „не плаши се“ или „не бојте се“.
„Не плашете се!“, ни повторува денес Господ: ако се надеваме на неговото Слово, добро ќе ја играме играта на животот и ќе можеме да им помагаме на другите. Како што вели Псалмот: Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја (Псалм 118, 105).
Ватикан њуз/к.мк