Во недела 27 ноември 2022 година во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов во присуство на отец Марјан Ристов и патер Марјан Бешлиќ, служеше панахида за жртвите од Гладомор, а во присуство на украинската амбасадорка во Македонија Лариса Дир во придружба на вработени од амбасадата, претставници на украинската заедница во Македонија, како и верници од катедралната парохија.
Гладомор (Голодомор) е масовна глад во Украина во 1932-1933. Се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја. Гладот е предизвикан вештачки од страна на советската влада, а жртвите се проценуваат на повеќе милиони.
к.мк