Апостолскиот визитатор на парохијата Меѓугорје, надбискупот Алдо Кавали, по повод празникот Вознесение на небо на Пресвета Богородица, зборуваше за новиот двоброј на Глас концила за различните аспекти на феноменот Меѓугорје.
Осврнувајќи се на феноменот Меѓугорје, надбискупот Кавали рече: „Сепак, вистината е дека Меѓугорје не е светилиште во целосна црковна смисла на зборот, туку „де факто“ е свето место“. Би рекол дека овде може да се добие посебна благодат. Ние овде не правиме ништо што не би можело да се направи и во други парохии. Апсолутно ништо. (…) Но, ова место зрачи со нешто натприродно. Зошто? Затоа што Бог го избра него. Како некогаш непознатиот и далечен Назарет“.
За надбискупот Кавали, предизвикот на пасторалната грижа во Меѓугорје е квалитетно да се сораборува со благодатта што е присутна таму. Тој говореше и за мистериозното присуство што ги привлекува ходочасниците, особено младите на „Младифест“. Надбискупот Кавали се среќава и со украински ходочасници, чии очи покажуваат голема тага, но и голема надеж.
Зборувајќи пак за мирот, тој рече: „Колку повеќе ја следиме Марија како Исусова ученичка и колку повеќе се препуштаме на нејзиното служење, на нејзиното посредување пред Бога, толку поблиску ќе бидеме до мирот, и ние и светот околу нас.
Ватикан њуз/к.мк